Димитриевски по вториот негативен тест: Хајката против мене е неразбирлива

Димитриевски обзнани дека според вториот тест од Институтот за јавно здравје, тој е негативен на коронавирусот. Тој и натаму тврди дека постапката ќе покаже дека тој не сторил кривично дело.

„Покрај политичка носиме и институционално – општествена одговорност кон граѓаните и јавноста кои не избираат по предлог на партиите. Дебатата ќе ја водиме внатре во партијата. Сега е време за дејствување против епидемијата и помош на граѓаните. Постапката ќе покаже дека нема основ за кривично дело и дополнително ќе ги потврди сомнежите. Институционалната хајка која се води против мене и членовите на штабот изминатите денови за мене до овој момент е неразбирлива“, вели Димитриевски.

Градоначалникот на Куманово вели дека не сака ни да помисли дека некој си поигрува со здравјето на неговите сограѓани и води политика со црни сценарија за елиминација на неистомисленици.

„Уште еднаш ја повикувам директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Министерот за здравство да го достави извештајот на увид на мене, штабот и јавноста, сепак тоа не е таен документ. Сакам да ја информирам јавноста дека штотуку го добив резултатот за вториот контролен тест кој е негативен направен во Институтот за јавно здравје, од утре продолжувам посвтено со моите работни обврски“, пишува Димитриевски.

Треба да знаете
Последни објави