Николоски најави помош за Македонија од Австрија: Првите скафандери употребени во државата биле донацијата од Унгарија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување во емисијата „Јади Бурек“ на телевизија „Сонце“ говореше за проблемите со кои се соочуваат медицинските работници во Македонија во борбата со епидемијата на опасниот коронавирус. Речиси 20 проценти од сите заболени во Македонија се медицински персонал, а според Николоски тоа е резултат на тоа што медицинскиот персонал на почетокот немаше никаква заштитна опрема и за жал и покрај апелите на ВМРО-ДПМНЕ за интервентна набавка на ваква опрема тоа Владата никогаш не го сторила.

Токму поради оваа причина посочува Николоски, ВМРО-ДПМНЕ се ангажирало во рамки на ЕНП да побара помош од пријателските држави како што се Унгарија и Словенија и токму првите заштитни скафандери употребени во државата биле донација од Унгарија. Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ води разговори со Австрија, односно канцеларот Курц за да издејствува уште една донација и помош за Македонија во справување со кризата.

„Се ангажиравме онаму каде што имаме пријатели во рамки на Европската народна партија. Разговаравме со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Разговаравме со премиерот на Словенија, Јанес Јанша. Во контакти сме во моментов со Австрија, канцеларот Себастијан Курц, очекуваме и од таму одредена помош како држава. Така што решија луѓето да помогнат во едно критично време, мислам дека помошта од Унгарија покрај реалната помош имаше и симболика. Но и суштински медицинскиот персонал немаше и скафандери, првите скафандери кои што се употребија во Македонија беа тие 5 илјади скафандери кои стигнаа од Унгарија.

„Јас многу често зборував и за Прилеп и за Куманово. Во Прилеп имате ноќеска 4 смртни случаи, секој ден има луѓе кои што умираат таму, секој ден има нови заболени. За тест да направите  во Прилеп не е дозволено да се прават повеќе од 10 дневно значи не смеат да се земат повеќе од 10 брисеви дневно. За резултат се чека помеѓу 5 и 7 дена, во тие 5 до 7 дена можат да се развијат симптоми, може да се влоши ситуацијата, а за жал може да се изгуби и животот. Зошто не отишол Венко Филипче кој секој ден држи пресови во Прилеп да се види со луѓето, да поразговара со нив и тие да  му кажат што мислат за пресовите. Во Прилеп бурата е дојдена и за жал сега целиот град е под опасност“, ова го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување.

„Слична е ситуацијата и во Куманово. Куманово отиде во лакрдија дури јгледаме сите се лажирале резулати за градоначалникот затоа што таму посoi битка помеѓу Оливер Спасовски и Максим Димитриевски, двајцата се од Куманово и се борат кој да е локален шериф и во таа битка толку брутално отидо што биле лажирани тесtови за градоначалникот на Куманово дека наводоно е позитивен, а човекот не е позитивен. Кога се спремни да лажираат тестови, тие се спремни на се“.

Имено потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски истакна дека пред некој ден Филипче посочил дека се прават по 700-800 тестови, а вчера беше објавено дека се направени 200 тестови и со тоа нормално дека што помалку тестови се прават бројката на заразени ќе биде помала.

Треба да знаете
Последни објави