Андреј Жерновски следејќи го примерот на функционерите од СДСМ, реши разликата од 14.500 денари од неговата плата да ја донира на Државниот фонд наменет за помагање на граѓаните и фирмите.
На својот профил на Фејсбук, Жерновски пиша:
Во сите мои текстови што ги пишував на Фб, а беа посветени на актуелната состојба со пандемијата, зборував за неопходност од СОЛИДАРНОСТ. Тоа, впрочем, беше и главната водилка во пристапот на Владата, на НАТО и на ЕУ.
Се разбира, би било крајно лицемерно од моја страна тоа да бидат само зборови, а не и дела. Сметам дека во оваа глобална здравствена и финансиска криза, тие со поголеми примања траба да бидат СОЛИДАРНИ и да ја скратат својата плата, за да има пари за оние кои останаа со помали примања или без работа.
Затоа, како и сите фунционери на СДСМ, разликата од мојата плата до 14.500 денари ќе ја уплатам во Државниот фонд за помагање на граѓаните и фирмите.