ЕЦБ е подготвена со засилен арсенал мерки за борба против штетите од пандемијата

По низата вонредни мерки за спречување на економска штета од пандемијата на коронавирусот што ги презеде, Европската централна банка (ЕЦБ) денеска се очекува да соопшти  дека има капацитет да оди уште подалеку, иако нејзините опции изгледаат ограничени.

На 18 март, соочена со финансиска паника, ЕЦБ извади „тешка артилерија” – Итна програма (ПЕПП) со која се предвидени  750 милијарди евра за купување државни и приватни обврзници.

Овој невиден одговор, сразмерен со економската катаклизма, се додава во воспоставената програма за квантитативно олеснување помеѓу март 2015 и крајот на 2018 година. Така, достигнува вкупно 117 милијарди евра во просечни месечни набавки на активи, кои ќе бидат завршени до крајот на 2020 година.

Со оглед на тоа дека битката е далеку од победа, ЕЦБ би можела да биде принудена да стори повеќе за да ги импресионира пазарите и да ја намали потребата од одржливост на долг. Ова го забележа главниот економист на Алианц (Allianz), Лудовик Субран.

Треба да се запомни дека безбедносните мрежи што ги водат страните за да избегнат бран на банкрот и намалување на персоналот ќе создадат огромна сума на државен долг.

ЕЦБ има во својот арсенал друга алатка, креирана во 2012 година, но досега не се користи. Тоа се директни парични трансакции (купување од ЕЦБ на државни обврзници на земји од еврозоната на секундарните пазари под одредени услови). Услов за активирање на овој механизам е една земја да прифати дека е предмет на европска програма за помош, што е малку веројатно да се случи.

Директно купувањето државни обврзници без да поминува низ секундарниот пазар се уште е забрането со Договорот на ЕУ, изјави неодамна претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.

Сепак, ЕЦБ се уште може да ја намали својата каматна стапка на депозитите. Каматната стапка остана на -0,50 проценти во март, но ЕЦБ денеска може да потврди дека ја задржува можноста за нови намалувања за поддржување на кредитирањето.

Лагард ги предупреди 27 држави на средба на ЕУ во четвртокот дека постои ризик тие да делуваат премногу малку и премногу доцна. – Се плашам дека ЕУ се соочува со најлоша рецесија од своето основање, рече таа.

Не беше донесена никаква конкретна одлука на таа средба и беше обележана со старите поделби меѓу страните од финансиската криза во 2009 година.

Може да се очекува денеска Лагард, да оствари нов повик за да се избегне ЕЦБ да биде во ситуација кога ќе треба сама да ги изгаси пожарите во еврозоната.

Треба да знаете
Последни објави