Бројот на новозаразени со коронавирусот во Словенија останува низок

Во Словенија се потврдени само 11 нови случаи на лица заразени со коронавирусот што според лекарите е уште еден доказ дека земјата добро се справува со епидемијата, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Намалување има и на бројот на пациентите кои болнички се лекуваат поради Ковид-19, па така во медицинските центри сега се третираат 63 лица. На одделите за интензивна нега, пак, има 22 пациенти.

Изминатите 24 часа од болниците се отпуштени три лица, а две починаа поради тешка форма на болеста.

Вчера се тестирани нови 1341 граѓани, со што вкупниот број на тестирани сега се искачи на 52.948.

Треба да знаете
Последни објави