Шведските истражувачи откриле можен лек против педофилија

Студија заснована на 50 педофили и спроведена од универзитетот „Каролинска“, една од водечките медицински установи во Шведска, идентификувала можен лек против педофилија, објави националниот радиодифузер СВТ.

Во студијата, половина од избраните педофили добиле „дегареликс“, лек кој брзо го намалува нивото на тестостерон и веќе се користи за лекување на рак на простата. Другата половина добила плацебо со солена вода.

Според заклучоците на студијата, кај оние што го примиле лекот било откриено дека имаат помала веројатност да злоупотребуваат. Ова се рефлектираше во анализираните различни фактори на ризик, како што се преокупираност со секс, девијантно однесување и самооценет ризик. Позитивниот ефект бил забележан од самите учесници.

„Не би можел да живеам со себе ако некогаш повредам дете“, вели за СВТ „Нилс“, еден од учесниците.

Иако самиот го оцени ризикот од злоупотреба како мал, тој рекол дека ќе размисли за употреба на лекот во иднина.

Факторите на ризик се поврзани со функциите на мозокот погодени од тестостеронот, објасни Кристофер Рам, истражувач од Институтот Каролинска и водач на студијата. Според него, лекот ќе дејствува како „хемиска сопирачка за итни случаи“ за луѓето кои сметаат дека може да повредат дете.

Спротивно на лековите претходно користени за т.н. „хемиска кастрација“ кои овозможуваат тестисите да произведат повеќе тестостерон на почетокот на третманот, привремено зголемувајќи го ризикот од злоупотреба, новиот лек доведува до голем пад на нивото на тестостерон, со ефект што трае неколку месеци.

Јан Антфолк, професор по психологија на академијата „Турку“ во Финска и експерт за истражување на педофилија, ја пофали студијата како одлично изведена, но тврди дека намалувањето на одредени измерени ризици не значи намалување на сексуалната злоупотреба на децата.Затоа, тврди тој, неопходни се долготрајни студии за следење и споредби со психолошки третман пред тестираниот лек да стане одобрен лек.

Треба да знаете
Последни објави