Во САД повеќе од 30 милиони невработени за шест недели

И покрај милијардите долари за поттик на потрошувачката, минатата недела 3,8 милиони американски работници се пријавиле како невработени, со што вкупниот број на невработени во последните шест седмици се зголеми на повеќе од 30 милиони.

Податоците, кои денеска ги објави Министерството за труд покажуваат колку се уште се тешки економските услови, пренесе „Њујорк Тајмс”.

Многу државни агенции се уште се преплавени со барања, оставајќи милиони луѓе со се помали ресурси да платат кирија или да купат храна.

Бројот на загубените работни места може само да биде полош отколку што тоа го покажуваат податоците на Владата, наведуваат економисти кои ги цитира весникот.

Според студија на Институтот за економска политика, има околу 50 проценти повеќе луѓе отколку што се сметаше, кои можеле да се квалификуваат за бенефиции за време на последниот четиринеделен период, но се срамеле да се пријават или сметале дека постапката е премногу комплицирана

Треба да знаете
Последни објави