Мажот ѝ ја фатил сопругата со познат фудбалер па ја објавил на Јутјуб

Чиприан Марика, романски напаѓач, кој во текот на својата богата кариера ги бранеше боите на Динамо Букурешт, Шахтјор, Штутгарт, Шалке, Хетафе, Коњаспор и Стеауа, се најде во центар на скандал, откако во јавноста се дозна дека „чува“ туѓа жена. Во хотел. Гол.

Тој беше фатен од Флорин Мунтеан сопругот на неверната жена, а снимката дури сега стигна до медиумите иако беше снимен во септември 2019 година во Клуж.

Романските медиуми веднаш објавија дека Марика бил во љубов со Ана Мунтеан, мајка на две деца која неодамна се пријави на натпреварот за најубава госпоѓа, и посочиле дека фудбалерот и брачната двојка Мунтеан до несреќниот момент биле семејни пријатели.

Таму порталите го додаваат фактот дека Мунтеан на својата драга и ја простил прељубата и продолжил да живее со неа, но останува нејасно кој го поставил видеото на социјалните мрежи и зошто, откако било архивирано на неговиот мобилен телефон веќе осум месеци.

Флорин Мунтеан е поранешен кошаркар, син на поранешен директор на „Трансгаз“, државна компанија која е технички оператор на романскиот национален систем за пренос на природен гас.

https://youtu.be/4qcUE_sXXMA

Превземено од Локално

Треба да знаете
Последни објави