Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, врнежите ќе се задржат до недела, а од понеделник ќе настапи постепено стабилизирање на времето.
Во Скопје утре минималната температура ќе биде 8, а максималната 22 степени.