Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за управување со вонредни состојби Мајкл Рајан повтори дека институцијата верува дека новиот коронавирус има природно потекло.
Рајан одговори на тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека видел информација дека вирусот можеби потекнува од Институтот за вирологија во кинескиот град Вухан.
Тој рече дека тимовите на СЗО сослушале „одново и одново“ многу научници кои истражувале секвенци на гени и коронавирус и дека се „убедени дека има природно потекло“.
Вчера Трамп рече дека е убеден дека коронавирусот потекнува од Институтот за вирологија во Вухан, а потоа повторно го критикуваше одговорот на СЗО во раната фаза на епидемијата. Повеќето научници веруваат дека новиот коронавирус се појавил на крајот на 2019 година на пазарот во Вухан каде се продаваат разни егзотични животни и дека им пренел на луѓето.
Вирусна инфекција е потврдена во светот кај повеќе од 3.380.000 луѓе, од кои повеќе од 238.000 починале.