Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 3.417.609 лица. Од нив починале 239.900, а оздравеле 1.088.817 луѓе.
– Само во Европа се потврдени над 1,5 милиони заразени, што е малку под половина од вкупниот број на заболени случаи во светот од коронавирусот.
– Во Иран се регистрирани 802 новозаразени и 65 починати. Вкупниот број во земјата од почетокот на пандемијата изнесува 96.448 заразени и 6.156 смртни случаи.
– Вториот бран на новиот коронавирус би можел да ги погоди САД на есен.
– Во Белгија во последните 24 часа се потврдени 485 новозаразени, а 62 починале од Ковид-19.
– Бројот на починати во Шпанија од коронавирус достигна 25.100, откако во последните 24 часа животот го загубија 276 лица.
– Во Русија се потврдени нови 9.623 случаи на зараза со коронавирус во однос на вчера, што претставува нов дневен рекорд. Вкупниот број на заболени во земјата сега изнесува 124.054. Во последните 24 часа починале 57 луѓе и сега бројот на смртни случаи изнесува 1.222.
– Првпат по неколку недели државјаните на САД ќе можат да им се вратат на своите дневни навики откако гувернерите на неколку сојузни држави започнаа да ги ублажуваат рестриктивните мерки.
– Во Сингапур се потврдени 447 новозаразени случаи со коронавирус, што е најмалку во изминатите две недели.
– Светската здравствена организација му честиташе на кинескиот град Вухан на борбата против новиот коронавирус. Имено во градот, кој беше епицентар на епидемијата, веќе нема тешки случаи на зараза.
– Американската агенција за храна и лекови (ФДА) одобри итна употреба на лекот „ремдесивир” за лекување на заразата од коронавирус.
– Речиси 3.000 членови на екипаж на кризер на големата туристичка компанија ТУИ се наоѓаат во карантин на бродот, бидејќи еден од нив бил позитивен на тестот на коронавирус. Петнаесет членови на екипажот на бродот „Мејн Шиф 3″ биле тестирани бидејќи имале полесни симптоми на грип. Засега само еден од нив е позитивен на Ковид-10. Петнаесетмината морнари се ставени во изолација на бродот во пристаништето Куксхавен, на Северното Море.