Капитнот на повеќекратниот хрватски фудбалски првак Динамо Загреб и македонски репрезентативец Аријан Адеми откако се смири „бурата“ во собелекувалната на „Максимир“ одлучи да ја раскаже и својата приказна за неприликите во кои се најдоа играчите и тој како нивни предводник минатиот месец. Адеми беше на тапет кај хрватската јавност поради неприфаќањето да им се намли платата на играчите во екот на пандемијата со коронавирусот, кога топката сеуште мирува насекаде. Според македонскиот репрезентативец Динамо Загреб се обидел да ја реши ситуацијата на погрешен начин, а во тоа сценарио биле кажани и некои работи кои многу го погодиле.
Цехот го плати стручниот штаб на чело со Ненад Бјелица кој доби отказ, а фудбалерите и раковдството најдоа компромисно решение и финансискиот удар беше ублажен со прифаќање од старна на играчите да им се намалат платите.
-Најголемиот проблем беше начинот на кој искомунициравме во соблекувалната и како избрзано се извести јавноста, без преговори. Најголемиот проблем беше тоа што мерките требаше да траат година дена, а во тој момент ние не знаевме што ќе се случи за една недела или за еден месец. Поточно најголем проблем за играчите беше исплатата на ратите за која се договоривме пред кризата. Сите имаме различни договори, требаше да ни остават повеќе време за одоговор. Не кажавме дека не сакаме намалување на примањата, кажавме дека го одбиваме моделот кој ни беше понуден. Бевме збунети бидејќи слушавме дека клубот стоел добро. Повредени сме од објавата на таа одлука во јавноста. Разочаран сум што немаше единство, требаше сето ова да го решиме како семејство, и да помогнеме на оние кои немаат. Наместо тоа, нашиот проблем го решаваше цела Хрватска. На крајот, јас, Петковиќ и Ливаковиќ седнавме на маса со луѓето од клубот и договоривме да ни се исплати она што претходно ни беше ветено како план за шестмесечно штедење – вели Адеми.
Јавноста најмногу „удруи“ по капитенот Адеми, бидејќи кога тој беше суспендиран од УЕФА поради допинг, Динамо Загреб му даде целосна поддршка и не му го раскина договорот.
-Знаев дека сите копја ќе се кршат врз мене, клубот беше фер и коректен додека не играв, но не можев притиснат од благодарноста да одам против мојата совест. Кога имав лична криза, клубот беше тука, а јас безброј пати се заблагодарив и останав иако имав понуда и од клуб од топ 5 првенствата во Европа. Го ставив својот сон во втор план поради Динамо. Некои работи кои беа кажани и напишани за мене, беа одвратни и многу ме погодија, вели Адеми.