Европската унија предупреди за пад на слободата на медиумите ширум светот, во момент на пандемија на новиот коронавирус.
„Загрижувачки е што пандемијата Ковид-19 во некои земји се користи како изговор за наметнување неоправдани ограничувања на слободата на медиумите, рече Жосеп Борел, висок претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност, во изјава во име на блокот од 27 нации.
Во таа изјава, временски да се совпадне со Светскиот ден на слободата на печатот в недела, Борел ја истакна зголемената потреба за доверливо новинарство во време на криза за да се избегнат дезинформации и лажни вести.
– Новинарите мора да бидат во можност да работат слободно, се вели во соопштението. Во него се додава дека во неизвесни времиња е неопходен пристап до веродостојни и проверени факти.