Во изминатите 24 часа во Грција од Ковид-19 починаа три лица, а беа регистрирани осум нови случаи, со што од почетокот на епидемијата, бројот на жртви се зголеми на 143 лица, а бројот на заразени на 2.620 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
На денешната редовна прес конференција во Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас соопшти дека во болниците, приклучени на апарати се хоспитализирани 37 лица, а 77 пациенти се отпуштени од Одделите за интензивна нега.