(Видео) Серија земјотреси предизвикаа материјална штета во Порторико

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди денеска Порторико. Потресот бил почувствуван околу 14 часот, а по него следувале уште неколку со јачина меѓу 3,2 и 4,9 степени по Рихтер. Пријавена е матерјална штета, но нема информации за што точно станува збор. Исто така, нема предупредување за цунами.

„Асошиејтед Прес“ пренесува дека најмалку еден балкон е срушен во градот Понце, кој е најтешко погоден од серијата потреси.

„Сè се тресеше исклучително силно“, изјавија сведоци за АП.

Градоначалникот на Гваника, Сантос Седа соопшти дека не се регистрирани поголеми штети. Гваника и Гвајанила претрпеа најмногу штети од земјотресот кој го погоди Порторико во јануари. Тогаш едно лице почина, стотици домови беа уништени, а штетата беше проценета на милиони долари.

„Фала му на Бога, сите се добри. Нашата инфраструктура и онака е многу слаба“, изјави Седа за АП.

Треба да знаете
Последни објави