Италијанските власти соопштија дека 474 лица починале во изминатите 24 часа како резултат на коронавирусот, што е најголем дневен број на смртни случаи во земјата од 21 април.
Големото зголемување на бројот на умрените лица се јавува по долг и постепен пад, а најмногу се однесува на Ломбардија, најпогодениот регион на Италија, кој забележа 329 смртни случаи во последните 24 часа, во споредба со 88 претходниот ден.
Има 1.900 новозаразени, помалку од претходниот ден кога имало 1965, но имало 1.872 случаи во четврток. Од избувнувањето на епидемијата, 28.710 луѓе загинаа во Италија, објави цивилната заштита, највисока во светот по САД и нешто повеќе од Велика Британија, која наскоро би можела да ја премине Италија.
Инфицирани се вкупно 209,000 луѓе, најмногу по САД и Шпанија, а бројот на активно заразени во петок падна од 100.943 на 100.704. Бројот на пациенти на интензивна нега исто така падна, од 1.578 на 1.539.
Италија досега тестирала 1,430 милиони луѓе.