Неколку протести се одржаа во Германија против ограничувањата наметнати од властите во обид да го спречат ширењето на коронавирусот. Најголемиот протест се одржа во Штутгарт, каде, според организаторите, се собрале околу 5.000 граѓани.
Организаторот , ИТ претприемачот Микаел Балвег, рече дека граѓаните излегле на протест да се спротивставуваат на ограничувањата на основните граѓански права како што е правото на протест и слободата на вероисповеста.
Според полицијата, протестите ппоминале мирно додека се придржувале кон правилата за физичка дистанца.
Протестот организиран од здружението Кверденкер (преведено – оној кој мисли поинаку) првично беше забранет од градот Штутгард, но Уставниот суд ја укина забраната.