Кина објави анимиран филм за коронавирусот во кој му се потсмева на Трамп

Кина објави анимиран филм во кој се потсмева на реакцијата на американската администрација на епидемијата на коронавирусот, со што е упатен нов предизвик во „војната на зборови” која се води на релација Пекинг-Вашингтон. Во филмот се искористени ликови составени од лего коцки кои ги претставуваат двете земји.

Главни ликови во анимираниот филм се кинески глинен војник и Кипот на слободата, а клучно е финалето на филмот во кој Кипот на слободата вели дека е секогаш во право, дури и кога се негира самиот себе. На тоа кинескиот војник иронично одговара дека кај Американците најмногу сака што се „доследни во своите ставови”. Анимираниот филм завршува со чудење на Кипот на слободата, кој изненадено вели: „Па што, тоа е само вирус”.

Пред неколку дена американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека коронавирусот најверојатно е произведен во лабораторија во Вухан.

Треба да знаете
Последни објави