Јапонија утре ќе одлучува за продолжување на вонредната состојба

Бројот на починати од коронавирус во Јапонија ја надмина бројката од 500 луѓе, објавија локалните медиуми. Според мрежата НХК, 530 луѓе починале од Ковид-19 од почетокот на епидемијата во Јапонија.

Според официјалните податоци, повеќе од 1.500 лица имале позитивни тестови на вирусот.
Јапонскиот премиер Шинзо Абе утре треба да донесе одлука дали ќе ја продолжи вонредната состојба на уште еден месец.

Споредено со некои европски земји, вонредните мерки во Јапонија не се толку строги. Властите ги охрабруваат жителите да останат дома што е можно повеќе.

Многу ресторани, продавници и трговски центри се затворени. Сепак, многумина прават гужви во места како што се сали за игри на среќа, масовно се собираат во паркови и на плажи, а јавниот превоз е сè уште преполн со патници.

Јапонците надвор носат заштитни маски за лице.

Треба да знаете
Последни објави