Додека народот нема за леб и сол, владата на СДСМ купува школки, октоподи и морска риба.
Ова е извадок од веб-страната на Бирото за јавни набавки од која се гледаат трите договори со кои Владата, преку СОЗР, на 07.04.2020 година купила стотина килограми школки, ракови, лигњи и октоподи и сето ова се прави во период додека медицинските лица немаат заштитна опрема, луѓе се заразуваат и умираат од корона, додека се кратат плати на работниците, а голем дел остануваат без работа.
Наместо да се набават нови респиратори, заштина опрема или да им се подели бонус на лекарите и медицинските работници, власта се гости со народни пари.
Народот се организира и шие маски, капи и каљачи за лекарите, затоа што владата наместо да купи заштитна опрема, парите ги потрошила за гозба.
Доколку Заев, Спасовски и СДСМ купеа заштитна опрема за лекарите и медицинските работници немаше да имаме над 200 заразени лекари и медицински сестри. Наместо да склучеа договор за набавка на 365 килограми свежа пастрмка, 200 килограми крап, бранцин и лосос, 400 килограми ослиќ, шкампи, лигњи, школки и ракчиња, да купеа заштитна опрема и дезинфициенси немаше да бидеме на врвот на смртност во регионот и да имаме повеќе мртви на милион жители од Албанија, Бугарија и Грција заедно.
Работниците остануваат без работа, земјоделците се без откуп, економијата тоне и наместо помош за сите нив, владата ги фрла последните пари за морска риба. Срамота!
Ова е класична злоупотреба и за ова одговорност мора да има. Бараме под итно да запре безредието со трошењето на народните пари.
Во ек на криза, во ек на пандемија не смее да се троши на луксуз и гозби. Потребно е итно запирање на сите тендери кои значат набавка на непотребни работи. Во овие моменти народот од власта очекува скромност, а не раскалашеност и аздисаност.
Веднаш да се раскине договорот и парите да се пренаменат за купување на заштитна опрема за медицинскиот персонал.
Ова е само еден од низата примери на луксузирање додека народот гладува. Деновиве ќе обелодениме и други скандалозни набавки.
Напоменувам – сите вакви договори, со кои се манифестира луксуз во ек на пандемија ќе бидат предмет на ревизија за многу брзо од сега и сите кои сториле криминал ќе одговараат.