ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да го ублажи поразот и по цена цела нација да се зарази

СДСМ си поигрува со здравјето на граѓаните. Во ек на пандемија, кога не знаеме како ќе заврши и кои се последиците од истата, власта оди на карта и буквално да се зарази цела нација, само за да го ублажат поразот.

СДСМ ќе ги изгуби следните избори, заради националните предавства, економската катастрофа која ја причинија, заробеното судство, партизираната администрација и руинираното  земјоделство. Но цената за победата на ВМРО-ДПМНЕ не смее да биде заразување на целата нација.

Здравјето на граѓаните пред се. Никој  не смее да си поигрува со истото.

Очекуваме од СДСМ да покажат макар доза на човечност и да го остават партискиот интерес зад државниот.

Треба да знаете
Последни објави