Француската државна железничка компанија СНЦФ изгубила приходи од околу две милијарди евра како резултат на пандемија на коронавирус, соопшти директорот на компанијата Жан-Пјер Фаранду, додавајќи дека ќе им биде потребна државна помош.
Франција ги повика граѓаните да останат дома и да избегнуваат јавен превоз откако починаа повеќе од 24,5 илјади луѓе во земјата.
„Заради вирусот изгубивме околу 2 милијарди евра. Мислам дека ќе треба да побараме помош од државата“, рече Фаранду.
Компанијата која минатата година се соочи со штрајкови, најави можност за отпуштање на работниците доколку закрепнувањето оди премногу бавно.Владата веќе изнесе план за помош на компаниите како „Ер Франс“ и „Рено“ со загарантирани државни заеми.
По укинувањето на блокадата на 11 мај,сообраќајот на долги растојанија, односно возовите за јавен превоз, ќе работат со околу 60 проценти од капацитетот, но враќањето на 100 проценти се очекува само во јуни.