Министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук инфомира дека поставен е системот со модулите во модуларната маневарска болница за ковид-19 до Инфективната клиника во Скопје.
„За најкраток временски рок ги дуплиравме капациентите на установата. Со финансиска поддршка на Швајцарската амбасада набавивме и поставивме „монтажни модули“, каде се сместени простории за болнички кревети, амбулантски и тријажен простор, соби за одмор на персонал, тоалети за пациенти и персонал, гардеробери и соби за состаноци. Целата оваа структура ја поврзавме со „топла врска“ со зградата на инфективната клиника, а во периодот кој следува ќе ја доопремиме и со потребната немедицинска опрема“,
На овој начин, вели тој, ќе се амортизира евентуалната оптеретеност на Клиниката во борбата со ковид-19.