Министерката за правда Рената Дескоска денеска го прослави 48-миот роденден. Таа свеќичките ги изгаси со фен, без дување, согласно препораките за заштите од корона.
„Се изгасија свеќичките на тортата (со фен, без дување, согласно препораките за заштита од корона 😀). Посакувам што поскоро да живееме во безбеден корона-free амбиент. Воедно на сите новинари им го честитам денот на слободното новинарство. Баш ми е ќеиф што роденденот ми е на нивниот и наш ден – на денот на слободата на изразување. На сите Вас, моите пријатели кои одвоивте време за мене денес, Ви благодарам на честитките и Ви посакувам да Ви се враќа се најубаво. Бидете живи и здрави. Stay safe and corona-free!“, напиша Дескоска на својот профил на „Фејсбук“.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2679778602301243&set=pcb.2679794022299701&type=3&__tn__=HH-R&eid=ARC5ExDMNsbgu7QOktZ7cJR9FsGw7NIS4LhmK2uVZKdxqSK8IWOhCx1hB7vlob2yVZaB7_PywJPelGmr