Бројките и трендот во овој графикон се исклучително охрабрувачки. Кривата на излекувани пациенти стрмно расте додека бројот на активни случаеви има одличен пад, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.
Денес имавме само 5 нови случаи од вкупно 249 тестирања што претставува стапка од 2% позитивни од сите направени тестови во едно деноноќие.
Бројот на пациенти кои имаат индикација за тест исто така значително опаѓа и со тоа опаѓа и бројот на направени тестови. Според информациите од приватните лаборатории, барањата за тестирање се исто така значително намалени. Времето на чекање за тестирање исто така е сведено на минимум, односно еден ден.
Продолжуваме активно да тестираме согласно индикациите на сите пунктови и во сите лаборатории, но и будно да ја следиме состојбата се до целосно спласнување на епидемијата. Досега се направени 17.246 тестови.
https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1822571701383188/2378416322465387/?type=3