Хафтор Бјорнсон, актер од познатата серија „Игра на тронови“, го сруши светскиот рекорд во „мртво кревање“, откако крена тежина од 501 килограми.
Бјорсон го играше Сер Грегор „Планината“ на Клегејн, еден од најсилните мажи во целиот Вестерос.
Рекордот беше срушен во неговата сала во родниот Исланд.
Тој крена и држеше две секунди 501 кг, по што го фрли и испушти победнички крик.
Настанот беше емитуван од ЕСПН, а исто така беше снимен и за каналот на Бјорнсон на ЈуТјуб.
Бјорнсон, кој е висок 2,05 см, претходно ја освои конкуренцијата за најсилен човек на светот во 2018 година.
„Јас сум многу горд, знаете. Јас сум многу среќен“, рече Бјорнсон во видеото зад сцената објавено на YouTube.
„Прекрасно е – нема ништо подобро од тоа да докажете на луѓето дека не се во право. Многу луѓе не веруваа во мене, многу од нив рекоа „501 кг никој нема да крене“, вели тој.
Претходниот рекорд го држеше Еди Хол, Британец кој во 2016 година стана првиот човек што крена тежина од 500 килограми.