Игор Карачиќ, еден од најомилените играчи на вардаровата публика можно е повторно да го облече црвено-црниот дрес.Вардар има нов сопственик и силна желба да биде она што беше во претходните години а тоа значи да игра важна улога во Лигата на Шампионите.Дали Михајло Михајловски ќе го врати Кара во двократниот европски шампион?
Карачиќ дојде во 2012та година, време кога Веселин Вујовиќ беше тренер.Истата година ги обра првите симпатии од верните Комити.Карачиќ остави длабока трага освојувајќи две европски шампионски титули, пет титули во СЕХА лигата и многу титули во македонските конкуренции.
Карачиќ замина од Вардар во полскиот Виве Келце, со кој потпиша договор на три сезони.Но сепак коронавирусот како да ги смени плановите и амбициите на Келце.Двата главни спонзори најавија дека за следната сезона ќе одвојуваат само половина од тие финансии што ги давале во клубот.
Карачиќ по заминувањето од Полска пред да се затворат границите, цело време го поминува во Скопје со неговата вереница, Македонката Душица Андоновска. Според информациите на 24Ракомет, првичните контакти меѓу него и новото раководство на Вардар со кое Карачиќ има одлични односи веќе се направени. Веројатно Карачиќ ќе почека информација што ќе се случува со Келце, па потоа ќе размислува …