Коронавирусот пустоши по американските затвори и речиси сите затвореници се заразени што ги става управите и вработените на затворите, кои и самите се позитивни на вирусот, пред невозможна мисија за заштита на здравјето на затворската популација.
Во затворот во марион во сојузната држава Охајо е највисока стапката на зараза во американскиот затворски систем и со коронавирусот се заразени 80 отсто од вкупно 2.500 затвореници, а на вирусот се позитивни и 175 вработени.
Бројот од умрените од болеста ковид-19 е во пораст во затворите ширум земјата, а управите немаат решение бидејќи не можат да обезбедат социјално дистанцирање во преполните затвори, а соочени се и со недостиг од медицински персонал и заштитна опрема.
Во американскиот затворски систем вкупно има 2,3 милиони затвореници.