Шпанските хотели ќе останат затворени по пандемијата бидејќи нема да има туристи

Стотици хотели и сместувачки капацитети во Шпанија нема да ги отворат своите врати оваа сезона, и покрај тоа што им е дозволено да го сторат тоа по 11 мај, пренесува „Сaн“.

Претставниците на многу хотели во Шпанија велат дека без меѓународни туристи, особено од Велика Британија, нема смисла да трошат пари што ги немаат.

Шпанија би можела да се врати во нормала до крајот на јуни, а апартманите и хотелите треба да се отворат следниот месец, најави премиерот.
Сепак, засега, одморалиштата ќе бидат отворени само за домашни туристи, а датумите кога ќе можат да доаѓаат меѓународни посетители не се наведени.

Хотелиерите од познатите одморалишта рекоа дека ќе мора да инвестираат огромни суми пари во здравствена заштита на објектите и ќе претрпат загуби поради намален капацитет заради социјална дистанца. Хотелите веќе се во црвената зона и прашање е дали ќе ја надминат оваа криза.

Шпанските власти не утврдија датум за отворање пристаништа и аеродроми кога ќе продолжи меѓународниот туризам. Меѓународните патувања се очекува да бидат последни на дневниот ред по локалните, регионалните и националните патувања.

Треба да знаете
Последни објави