Иконскиот режисер Џон Ву прави акциони филмови во Хонг Конг и Холивуд

Режисерот Џон Ву, кој во петок ќе наполни 74 години, треба да се смета за кум на модерниот акционен филм, пишува „Саут Чајна морнинг пост“.

Со микс на спектакуларни сценографии и сентименталност во филмовите како A Better Tomorrow (1986), The Killer (1989) и Hard Boiled (1992), тој воведе техники кои сега се синоним за жанрот акција.

Ваквите режисерски техники вклучуваат слоу моушн ефект – успорени сцени за подолго уживање – омилена техника на Ву, мексикански стенд-оф, и ликови што пукаат со повеќе пиштоли во исто време. Меѓутоа, повеќекратните сцени со гулаби се лично негова идеја.

Роден во Гуангжу (1946), Ву пораснал во Хонг Конг откако неговото семејство избегало од прогонот на Мао Це Тунг. „Кога бев дете, јас секогаш се чувствував како да живеам во пекол – сиромашните делови на Хонг Конг беа ужасни“, изјави тој за весникот Venice Мagazine. „Јас секогаш сонував да живеам на подобро место, место без злочини и насилство… и тој сон можев да го најдам само во филмовите“.

Оттогаш Ву на големиот екран прикажа возбудливи сцени на криминал, насилство, но и емотивност во својата кариера што ја рефлектира тројната структура на типичен холивудски филм: подем, пад, и триумфално враќање, оценува „Саут Чајна морнинг пост“.

Во 80-тите години на минатиот век, тој го пронајде својот вистински повик – како главен експонент на жанрот херојско крвопролевање.

Дури и ако не го знаете терминот „херојско крвопролевање“ (heroic bloodshed), знаете за каков филм станува збор. Toa се филмови со полицајци и криминалци кои се навистина две различни страни на паричката; „ган фу“ се бори со комбинирање на воени вештини и речиси без никакво огнено оружје; и сето тоа преплетено со длабока доза на емотивност што се крие во ноншалантноста на ликовите.

Ако постои една слика што најдобро го покажува жанрот, тоа е ДВД-омотот на филмот Hard Boiled, на кој едниот лик е во полициска униформа со сачмарка во едната рака, бебе во другата, и завој над едното око.

Жанрот херојско крвопролевање е чисто кино без потреба од дијалог или експозиција, па не е ни чудо што ги премина границите толку лесно, пристигнувајќи во Холивуд со делата на Квентин Тарантино и Роберт Родригез. Ву следеше набргу потоа.

Еден од холивудските блокбастери на Џон Ву е Face Off („Украдено лице“) – акција научна фикција – во кој глумат Џон Траволта и Николас Кејџ како полицаец и негативец кои ги разменуваат идентитетите со трансплантација на лице.

И секако тука е и второто продолжение на Mission Impossible ( „Невозможна мисија 2“) со Том Круз во главната улога.

По „Windtalkers“ (2002) и Paycheck (2003), режисерот реши да се повлече во Азија, но сè не беше изгубено.

„Откако го направив Paycheck („Исплата“), повеќе не добивав добри сценарија“, рече тој за „Тајм аут“. „А, правењето филм во Кина е многу поедноставно. Само одам во студиото и им кажувам: „Сакам да направам филм кој се вика со Red Cliff, и тие велат: Добро, готово е!“

Хонгкошкиот режисер спаѓа во еден од најголемите иноватори на модерната кинематографија. Тој прави комбинација на жанрови и ги спојува со класичните вредности како честа и пријателството, а тука е и кореографијата типична за боречките вештини.

Треба да знаете
Последни објави