(Видео) Драма на крузерот во германско пристаниште, 3.000 луѓе во карантин

Крузерот „Меин Шиф 3“, кој има 2.899 членови на екипаж, е ставен во карантин во германското пристаниште Куксхавен, бидејќи еден од работниците бил позитивен на коронавирусот.

Според „Спутник“, работниците се качиле на бродот за да се вратат дома бидејќи поради пандемијата била воведена забрана за патување.

Според најновите податоци, 165.664 луѓе се заразени со коронавирусот во Германија, додека 6.866 починале.

Крузерот кој е во сопственост на германската компанија ТУИ Крузес, е долг 293 метри и неговата изградба чинела 360 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави