(Видео) Венецуела спречила обид за инфилтрација на платеници од Колумбија

Венецуелските власти велат дека спречиле инфилтрација на странски платеници кои се обиделе по морски пат да влезат во земјата за да извршат терористички напади и атентати врз владини претставници, пренесува РТ.

Група платеници се обиделе да се инфилтрираат преку главното пристаниште во Венецуела, Ла Гваира, кое се наоѓа северно од главниот град Каракас, рече министерот за внатрешни работи, Нестор Реверол, во телевизиското обраќање.

Инцидентот, кој министерот го нарече инвазија преку море, бил дел од подготовките за уште еден обид за државен удар. Милитантите се обиделе да стигнат до бреговите на Венецуела со бродови, но биле пресретнати од полицијата, Националната гарда и единиците за воено контраразузнавање.

Министерот на својот профил на „Инстаграм“ објави фотографии од оружје и опрема одземени од платениците. Реверол рече дека загинале шест милитанти, меѓу кои и локален командант, а уште двајца биле приведени. Безбедносните сили на Венецуела конфискувале шест камиони и брод, како и десет пиштоли, два митралези и големо количество муниција.

Реверол рече дека операцијата против милитантите сè уште трае и не исклучи и нови апсења.
Министерот ја осуди „инвазијата“ како уште еден очаен обид на странските империјалисти да ја соборат владата на претседателот Николас Мадуро. Тој не обвини ниту една нација посебно за организирање на упадот, но рече дека милитантите дошле од Колумбија.

Инцидентот се случува околу една година по неуспешниот обид за воен удар, предводен од венецуелската опозиција предводена од Хуан Гуаидо, пратеник кој се прогласи за привремен претседател неколку месеци претходно и оттогаш има активна поддршка од САД и нивните сојузници.

Треба да знаете
Последни објави