(Видео) Њујоршки полицаец со електрошокер и физички напад го спроведува правилото за социјално дистанцирање

Видео снимено во Њујорк прикажува полицаец кој извадил електрошокер и континуирано удирал момче кое стоело на улица, во рамки на акција за спроведување на правилото за социјално дистанцирање, мерка наменета за запирање на ширењето на пандемијата на Ковид-19, пренесува РТ.

Судирот започнал кога полицајците во саботата се обидувале да растурат собир на луѓе во Ист Вилиџ, што е забрането според сегашните мерки за ограничено движење во градот. На видеото се гледа како полицијата се расправа со осомничен, додека набљудувачите гласно прашуваат што направиле. Еден човек потоа се приближува кон инцидентот, а полицаецот му вели да стои настрана, заканувајќи му се со електрошокер.

„Што се топориш? Немој да ми се топориш“, предупредува полицаецот кој не се гледа на снимката. Откако човекот ќе продолжи да се приближува, полицаецот го соборува на земја и го удира в лице неколку пати.

https://twitter.com/NYScanner/status/1256936672148717568

Полицаецот потоа вика и пцуе додека се собира толпа. Овој полицаец, заедно со многу други на местото на настанот, не носат заштитни маски, нешто што се бара од полицијата.

„Се почна како акција за примена на социјалното дистанцирачко. Познато ми е дека е објавено видео“, рече комесарот Дермот Ша во неделата.

Комесарот додаде дека инцидентот го испитува Бирото за внатрешни работи, а еден од полицајците е ставен на модифицирана должност. Сведокот што го снимал видеото, Дакван Овенс, ги оспори тврдењата на полицајците дека луѓето не држеле растојание.

„Тие беа на растојание“, изјави Овенс за „Готамист“ за инцидентот во неделата. „Девојчето стоеше покрај телефонската говорница, а момчето седеше на гајба за млеко. Кога полицајците застанаа, таа рече дека не направиле ништо. Тие ја грабнаа и почнаа да се туркаат со неа. Потоа, момчето на гајбата се налути и почна да ѝ вика на полицијата“.

Вториот човек кој на видеото беше соборен на земја, бил обвинет за напад врз полицаец, загрозување и за давање отпор при апсење. Полицијата тврди дека тој зазел борбен став против полицискиот службеник што му се заканил со електрошокер.

Другите две апсења во инцидентот се по обвиненија за несоодветно однесување, поседување марихуана, опструкција и поседување оружје, а 22-годишната девојка е притворена поради носење електрошокер во чантата.

Треба да знаете
Последни објави