Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер сигурно веќе го добил условниот облог што му го понуди украинскиот амбасадор во Германија за враќањето на Крим во составот на Украина, пренесува „Спутник“.
Имено, украинскиот амбасадор во Германија, Андреј Мељник, изјави дека е подготвен да се обложи со поранешниот германски канцелар Герхард Шредер дека Крим ќе се врати во составот на Украина.
Претходно, во интервју за „Тагесшпигел“, Шредер изјави дека смета оти ниеден руски претседател никогаш нема да ѝ го даде Крим на Украина. Тој исто така нагласи дека се залага за укинување на антируските санкции што ЕУ во 2014 година ѝ го наметна на Русија по обединувањето со Крим, истакнувајќи дека соработката со Русија е особено потребна во актуелната економска ситуација во услови на пандемијата на Ковид-19.
Тоа е уште една од националистичките бесмислици на украинската владејачка елита, смета потпретседателот на Јавната комора на Крим, политичкиот аналитичар Александар Форманчук.
„Герхард Шредер е многу искусен и трезвен политичар, кој беше и успешен канцелар. Тој даде реалистична проценка на ситуацијата и, се разбира, сега веќе го доби облогот. А ако зборуваме за иднината, Мељник, иако е помлад од Шредер, нема да доживее да го види Крим во составот на Украина“, истакна Форманчук.
Според Форманчук, самата форма на изјавата на украинскиот амбасадор e неприфатлива за еден дипломатски претставник.
„Се чини дека пандемија не само што не ги вразуми, туку нивната состојба прејде во грозница, штом еден амбасадор си дозволува вакви изјави“, вели тој.
Форманчук заклучи дека германскиот владејачки врв нема да гледа со одобрување на оваа изјава на украинскиот амбасадор во Германија. Крим стана дел од Русија во март 2014 година, со референдумот одржан по државниот удар во Киев. За обединување со Русија гласаа 96,77 отсто од гласачите во Република Крим и 95,6 отсто од жителите на Севастопол. Украина и понатаму го смета Крим за своја привремено окупирана територија.



