Африканските земји укинуваат дел од рестриктивните мерки

Неколку африкански држави почнаа да ги укинуваат рестриктивните мерки воведени поради пандемијата со новиот коронавирус.

Во Нигерија од денеска повторно се отворени продавниците, со цел да се придвижи најголемата африканска економија.

По 45-дневен карантин во Руанда се намалуваат дел од мерките, но полицискиот час ќе остане во сила, а забранет е влез и излез од главниот град Кигали.

Во Јужна Африка на граѓаните ќе им биде дозволено да се вратат на работа, но ќе мора да одржуваат физичка дистанца, да носат маски и да се придржуваат до правилото за миење раце.

Министерството за здравство на Кенија соопшти дека е забележана мала излезност на масовното тестирање на Ковид-19, откако одлуката  наиде на негодвање на јавноста.

На социјалните мрежи се појавија видеа од организирање на ноќни погреби во Танзанија, поради што е доведен под сомнеж начинот на кој земјата се справува со пандемијата со Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави