Лоша вест за Мурињо: Нема пари за трансфери во Тотенхем

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо е информиран како ќе треба да функционира низ претстојниот трансфер прозорец.

Бидејќи неговиот тим не е во зона „Лига на шампиони”, доколку тоа продолжи, се очекува Специјалниот да нема пари за нови играчи.

„Ивнинг Стандард” пишува дека финансиското работење на клубот ќе биде целосно соборено заради КОВИД-19, а клубот само ќе може да ги разменува своите играчи за други или да ангажира слободни агенти. Ќе има пари за Мурињо, ако играч од сегашниот состав биде продаден.

Во овој момент, нема информација точно кога ќе биде следниот трансфер прозорец откако треба да се одиграат натпревари во англискиот фудбал.

Треба да знаете
Последни објави