Австралија ги отвора угостителските објекти

Угостителските објекти во Северната територија, каде што има најголема потрошувачка на алкохол по глава на жител во Австралија, ќе почнат со работа на 15 мај, под нови услови. Објектите беа затворени на крајот на март поради пандемијата на коронавирус.

Северната територија е прва област во Австралија каде ќе бидат отворени пабовите, рестораните и кафулињата, но алкохолот ќе се служи исклучиво со храна и гостите нема да можат да останат повеќе од два часа.

Во Северната територија, која е голема колку две Франции, живеат само 250.000 луѓе.

Во областа, 30 луѓе биле заразени со вирусот.

Треба да знаете
Последни објави