Поранешниот премиер, сега политички азилант во Унгарија, Никола Груевски во својот нов пост на Фејсбук се осврна на Гоце Делчев, па потоа и на Договорот со Бугарија, и оспорувањето од страна на нашиот источен сосед на јазикот и историјата.
„Имам впечаток дека дел од политичарите во Бугарија со овие теми се обидуваат да добијат повеќе гласови од националистичките гласачи, но и да ја остварат зацртаната цел, бидејќи Македонија во моментот ја чувствуваат слаба, незаштитена, со влада која е лесно прави отстапки, а како членки на ЕУ и далеку подобро позиционирани.
Сосема логични се забелешките дека овие поединци од Бугарија ова го прават само кон нас бидејќи, географска Македонија има и во Грција и таму немаат никакви слични активности или претензии. Ниту пак вака „се силат“ кон Србија каде им се припоени дел од нивната територија по втората светска војна, т.н. Западни покраини.
https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10158413089802716
Ако имаат принципиелен однос, каде сѐ да побараат права на Бугарите во Србија. Нели и тоа е окупиран дел на Санстефанска Бугарија: Димитровград, Босилеград… Не сме чуле да се обратат таму. Таму имаа и некоја ослободителна организација наречена ВРТОП. Дел од Бугарските историчари тврдат дека Никола Пашиќ имал бугарски корени. Што не ја прашаат Србија за тоа.
Едноставно, во Македонија начекаа „село без кучиња“, па удри…
Затоа нивните локални пропагандисти се сега охрабрени и забревтани.“, напиша меѓудругото Груевски.



