Бој Џорџ мисли дека луѓето денес се вознемируваат за што било

Британскиот пејач Бој Џорџ смета дека луѓето денес живеат во многу посензитивни времиња и дека младите едноставно не сфаќаат како се менува животот.

Пејачот на некогашниот поп-бенд „Калчер клаб“, познат по мегахитот „Карма Камелеон“, рече: „Луѓето не се искрени. Затоа што сме во чувствителни времиња, кога луѓето се вознемируваат за што било. Јас пораснав во 1970-тите, кога секој ден ве нарекуваа педер, кукавица – дома, во училиште, на улица.”

„Полицајците можеа да ве удрат. Одевте на училиште знаејќи дека може да ве претепаат. Децата едноставно не разбираат. Не сакам да звучам како стар баук, но тие не разбираат низ што минаа луѓето за нив и не сакам да се привикнувам до тој степен да немам мислење.“

Бој Џорџ (58) деновиве чувствува дека луѓето „сакаат да бидат навредени“ и, како и другите од неговата генерација, тој сè уште се чуди кога ќе го слушне терминот трансродово.

„Кога растев, никој не го користеше изразот трансродова личност бидејќи тоа звучеше како медицински термин. Значи, овој израз е нов, а за нашата генерација, тој е несфатлив“, рече Бој Џорџ во разговор со списанието The Sunday Times’Culture (Сандеј Тајмс).

Треба да знаете
Последни објави