Турција стана депонија на Европа, пластиката влегува во морето и го загрозува брегот

Турција стана главна дестинација за пластичен отпад од побогатите европски земји, откако Кина и Индија забранија увоз. Турција сега се соочува со вистинска еколошка и здравствена криза.

Во 2018 година, Кина го забрани увозот на пластичен отпад, повикувајќи се на штетата што е нанесена на нејзината животна средина. Индија го стори тоа во наредната година, а одлуките испратија ударни бранови ширум глобалната индустрија за управување со отпад, така што земјите извознички беа принудени да најдат нови дестинации за нивниот отпад.

За неколку европски земји токму Турција стана нова главна дестинација. Велика Британија во моментов е најголем извозник во Турција, а значителен придонес имаат и Германија и Италија, рече за „Руптли“ Реџеп Караман, шеф на Турското здружение за собирање отпад.

„Не можеме да дозволиме нашата земја да биде депонија за европските земји. Знаеме дека тие не испраќаат отпад што може да се рециклира. Тие имаат своја индустрија и компании за тоа. Во Турција испраќаат бескорисен отпад, што претставува закана за јавното здравство“, рече тој.

Поради зголемениот прилив на отпад во комбинација со недостиг на капацитет за безбедно одложување, Турција, по Египет, стана најлошиот извор на лошо управување со отпад во Средоземното Море, пренесува WWF 2019.

Пластиката оди во самото море, но го задушува и турскиот брег. Седат Гуаногду, од Катедрата за рибарство на Универзитетот „Чукурова“ во Адана, го мери ова зачудувачко влијание.

„Дневниот проток на пластика во седименти на плажа е околу 31 килограм пластика на ден (на квадратен метар). Највисок степен на проток на пластика во Медитеранот“, рече тој.

Колкаво влијание има тоа врз здравјето може да се види дури за неколку години, но може да се сфати и со посматрање на регионите кои увезуваат најмногу отпад во Кина.

„На пример, бебињата се раѓаат со астма во одредени региони на Кина“, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави