Од општината „Ѓорче Петров“ соопштуваат дека интензивно работат на уредување на зелените површини покрај улиците: „Никола Пушкаров“, „Ѓорче Петров“ и „Кузман Шапкарев“, кај Јурија, амбулантата во Дексион и кај старата градинка во тој дел.
Активностите деновиве ќе продолжат кон основното училиште „Ѓорче Петров“, последна „5-ка“ и каналот кај училиштето.



