Јужнокорејски разузнавачи тврдат дека Ким немал операција на срце

Јужнокорејската разузнавачка агенција денеска објави дека нема знаци оти лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун имал операција на срцето.

Ким не беше виден во јавност три недели, што предизвика шпекулации за неговото здравје и за тоа каде се наоѓа, а потоа се појави во саботата.

Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја (НИС), на состанок со пратениците зад затворени исто така наведе дека Ким се појавил во јавност 17 пати оваа година, помалку од кога било, пред се поради неговата посветеност на домашните проблеми и влијанието на пандемијата на коронавирусот.

– Се проценува дека Ким немал операција или медицинска процедура на срце, рече пратеникот Ким Бјунг-ке од владејачката Демократска партија.

Агенцијата исто така навела дека Ким годинава имал 66 отсто помалку активности во јавност од вообичаеното.

Треба да знаете
Последни објави