Американски лекар го обвини Трамп дека набавува непроверен лек од Индија и Пакистан

Водечкиoт американски научник кој работи за американската влада, доктор Рик Брајт го обвини претседателот Доналд Трамп дека не се подготвил правилно за пандемијата на коронавирус.

Поранешниот директор на Управата за биомедицински истражувања и развој ја обвини администрацијата на Трамп дека се обидува да ја забрза употребата на хидроксихлорокин, лек против маларија, за лекување на пациенти со „Ковид-19“, пренесува ДВ.

„Сведок сум дека владата ја стави земјата во потенцијално опасна ситуација со набавка на хлорокин, кој не е одобрен од Управата за храна и лекови (ФДА) од Пакистан и Индија, од објекти што никогаш не ги одобри ФДА“, изјави тој пред новинарите.

Тој рече дека овој вид на одобрување на лекови од маларија е „слепо“ алармантен и за него и за неговите колеги научници.

Треба да знаете
Последни објави