Маск ги продава вилите, не сака да има недвижен имот

Светските медиуми пишуваат дека првиот човек на „Тесла“, Илон Маск, почнал да го исполнува она што го напишал на „Твитер“.

Маск објави дека ќе ги продаде сите свои недвижнини, односно нема да поседува куќи. Според некои извори, американскиот милијардер наводно ставил две куќи на продажба во Калифорнија.

Маск за две вили во Лос Анџелес бара 39,5 милиони долари, од кои едната претходно му припаѓалa на славниот глумец Џин Вајлдер, па затоа и вредноста е поголема. Шефот на „Тесла“ го купи овој луксузен имот во 2013 година.

Маск напиша на „Твитер“, неговата омилена социјална мрежа, дека вилата не смее да се урне, ниту, пак, да ја изгуби душата. И двете вили ги платил 24 милиони долари.

Се вели дека куќите во Лос Анџелес ги продава сопственикот, а не агент за продажба, поради што некои се прашувале дали Маск е сериозна во врска со оваа намера, или можеби сајтот „Зилоу“ каде што се појавија огласите – бил хакиран, забележува Би-би-си.

Треба да знаете
Последни објави