Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во иранската западна провинција Лорестан.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Фирузабад, на длабочина од седум километри.
Се уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, но спасувачките тимови се на терен.
Во Иран при земјотрес од 6,6 степени според Рихртер во 2003 година загинаа околу 31.000 лица, додека во земјотресот со интензитет од седум степени во 2017 година, загинаа 600, а повредени беа 9.000 луѓе.