Спортските игралишта во Аеродром добиваат нов лик. Општината почна да ги обновува и да ги реконструира според сите светски стандарди. Мултифункционалните подови се со врвен квалитет и се наменети за безбеден спорт и рекреација, сертифицирани и признати од ФИБА и ИТФ. Во реконструкцијата се опфатени повеќе спортски игралиштата на неколку локации низ општината.
Покрај нив, Општина Аеродром почна да ги реконструира и детските игралишта.
„Наш главен приоритет е јакнење на спортскиот дух во Аеродром“, изјави градоначалникот Златко Марин.