Албанскиот претседател Илир Мета изрази длабока загриженост за извештајот на Фридом Хаус, каде се наведува дека Албанија бележи пад на демократијата во текот на изминатата година, поконкретно за демократско управување и изборните процеси.
Според него тоа е „ѕвоно на аларм” кое бара делување и одговор од сите.
– Длабоко загрижен од заклучоците на извештајот на Фридом Хаус. Влошувањето на показателите за нивото на демократија, падот на управувањето и изборниот процес бараат одраз и одговор од сите. Заклучокот во извештајот: „Од Тирана до Тбилиси, оние што се на власт не се заинтересирани да го направат Парламентот место каде што се дискутира е силно алармно ѕвоно, напиша Мета на Фејсбук.
Тој додаде дека е потребна нова траекторија на демократијата и итно воскреснување. Како цел, тој ги наведува исполнувањата на условите дадени од ЕУ и европската интеграција без задоцнување.
Време е за итно воскреснување и за нова траекторија на демократијата, владеење на правото и почитување на човековите права, со цел што побргу да се исполнат условите поставени од Европска Унија, за да може целосно да се интегрира земјата без одлагање, напиша Мета.