Шпанскиот премиер Педро Санчес се обидува да обезбеди мнозинство гласови во Парламентот за да ја продолжи вонредната состојба во земјата уште две недели.
Како што пренесуваат странските агенции, строгите мерки овозможија епидемијата на новиот коронавирус да биде ставена под контрола, така што бројот на починати во последните 24 часа е 244, што е за три четвртини помалку од 1.000 , колку што беа пријавени на почетокот на април. Меѓутоа, овие мерки во исто време доведоа до пад на економијата и невработеност.
– Укинувањето на вонредната состојба ќе биде целосна, неприфатлива грешка, рече Санчес пред Парламентот, додавајќи дека се пуштени милијарди државни пари за да им се помогне на фирмите и поединци погодени со корона-кризата.
Доколку биде одобрено од шпанската Влада, ова ќе биде четврти пат вонредната состојба да се продолжи за две недели.