Лошото владеење на Заев и СДСМ резултира со буџетска дупка од 120 милиони евра во првите три месеци

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференција на Богданка Кузеска

 

Македонската економија со СДСМ, Зоран Заев и Нина Ангеловска го допре дното.

Очајни се обидите на СДСМ преку бледи и стерилни прес конференции да ја прикрие вистинската реалност и да прикаже дека Република Македонија блеска.

Економијата крахира, а граѓаните осиромашуваат. Единствено што блеска во време на пандемија се бизнисите на Заеви.

Граѓаните на своја кожа го чувствуваат аматеризмот, неспособноста, неработењето и неодговорноста на власта на СДСМ.

Лошото владеење на СДСМ и Зоран Заев резултира со буџетската дупка која што ја направија во само првите три месеци е 120 милиони евра, за цела година истата ќе биде и до 1.3 милијарди.

Додека 33.000 работници во угостителството се времено опуштени од работа, додека секое семејство се задолжи за 15.000 денари, власта стимулира отпуштање на работници и врти милионски суми од криминални тендери.

На СДСМ не им се важни граѓаните, туку џебот и бизнисите.

СДСМ ја урниса државата и економијата.

Многу набргу доаѓа крај на аздисаноста на СДСМ, Заев и Ангеловска.

 

Треба да знаете
Последни објави