ГИЗ со донација до МВР за проектот „Спречување и борба против трговија со луѓе во Западен Балкан”

Националната координаторка на Министерството за внатрешни работи, Магдалена Несторовска денеска ја прими донацијата од ГИЗ (германско друштво за интернационална соработка) која беше обезбедена од проектот „Спречување и борба против трговија со луѓе во Западен Балкан”, кој е координиран од МАРРИ Регионалниот центар, како одговор на ситуацијата со КОВИД-19, информираат од МВР.

– Донацијата содржи маски КН95, хируршки маски, латекс ракавици, бесконтактни термометри, антисептички распрскувачи и средства за дезинфекција, заштитни очила, и истата ќе биде наменета за членовите на Нацоналната комисија, Националната единица за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Центарот за лица жртви на трговија со луѓе и сексуална експлоатација и Прифатно-транзитен центар Винојуг, соопштија од МВР.

Треба да знаете
Последни објави